Проф. д-р Зоран Ивановски

Проф. д-р Зоран Ивановски

Проректор на наука и развој на УТМС

Проф. д-р Зоран Ивановски e редовен професор на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор за меѓународна соработка на Европскиот универзитет – Република Македонија и на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Амити Универзитетот во Инидија. Покрај универзитетската кариера, од 2007 година предава на лиценцираните обуки за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.

Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.

Панел

Примена на напредни алатки за финансиско предвидување, планирање, буџетирање и анализа во функција на обезбедување на финансиска стабилност на ЕЛС (11:00 - 12:00)